Форум за антикорупциски реформи

од desk4

Форум за антикорупциски реформи ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).

На Форумот ќе бидат презентирани наодите од Извештајот во сенка за ревизија на втората фаза од Конвенцијата на ОН за борба против корупција (УНКАК) и имплементација на поглавјето 2 (превентивни мерки) и поглавјето 5 (враќање на имот). Покрај тоа, Пеџа Џурашевиќ од Транспаренси Интернешнл БиХ ќе го презентира и искуството на Босна и Херцеговина во имплементацијата на УНКАК и процесот на ревизија, а Матиас Хутер од Коалицијата УНКАК ќе ги презентира мерките кои им се на располагање на граѓанските организации за вршење притисокот врз државите за превенција и репресија на корупцијата.

Како што најавуваат организаторите, во воведниот дел ќе се обратат Оливер Ристовски, заменик министер за правда, Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата и Фрек Јанмат, раководител на сектор од ЕУ – делегацијата.

Форумот e организиран во рамките на проектот „Следење на антикорупциски реформи“, што го спроведува МЦМС во соработка со БЦСДН, а е финансиски поддржан од ЕУ.

Слични содржини