Форум за јавни политики за справување со дезинформации

од Vladimir Zorba

  Во Велес денеска ќе се одржи Форумот за јавни политики на тема „Справување со дезинформациите – комбиниран пристап на властите, граѓанското општество и медиумите за долгорочни решенија“. 

Форумот е во организација на УСАИД и на Владата на Република Македонија.

Во одделни панел дискусии најавени се обраќања на министер задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, градоначалникот на Велес Аце Коцевски, директорот на канцеларијата на УСАИД за општ развој Едвард Гонзалес и претставници на политичките партии, како и стручњаци од областа и претставници на новинарски и медиумски организации.

Слични содржини