Форумот на жени на СДСМ ја донираше помошта за Турција и Сирија преку Црвениот Крст

од Vladimir Zorba

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска во магацинските простории на Црвениот Крст ја предаде собраната хуманитарна помош во обувки, облека, детска храна, душеци, јорганчиња и финансиски средства за дечињата погодени во катастрофалните земјотреси од Турција и Сирија.

Последиците од катастрофалните земјотреси се огромни и сите ние сочувствуваме со народот на пријателска Турција и со сите погодени од двете земји.

Солидарноста, хуманоста и помагањето се темелни вредности на социјалдемократијата и принципи на делување на Форумот на жени на СДСМ.

Слични содржини