ФОТО: Ѕвезда на серијата „Игра на тронови“ се омажи во тајност

од Stefanija Kuzmanovska

Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“, Натали Дормер, се омажила во тајност за својот долгогодишен партнер Дејвид Оукс, пишува „Мејл онлајн“.

„Натали и Дејвид ја чуваа венчавката во строга тајност, не сакаа да биде голема забава, иако секако беше ден за паметење“, изјавил изворот на споменатиот медиум.

„Тие само сакаа да го споделат моментот со избрана група луѓе. Но, тоа беше убава церемонија“, додаде овој извор.

Натали и Дејвид се во врска од 2019 година, а се запознаа две години порано кога заедно глумеа во претставата „Оган во крзното“.

Потсетуваме, ова е втор брак на актерката, откако претходно беше во брак со режисерот Ентони Бирн. Таа помина 11 години со него, но се разведоа во 2018 година.

Слични содржини