ФОТО: Бруклин Бекам повторно јавно исмеан поради готвењето, а еве зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, повторно објави слика на која подготвува јадење на својот Инстаграм профил. Своите рецепти често ги споделува со обожавателите на социјалните мрежи, но неговите следбеници често забележуваат дека не е толку добар во готвењето како што мисли, поради што често го исмеваат.

Ништо поинаку не беше неодамна, кога Бруклин објави слика на која многумина забележаа интересен додаток на јадењето и не пропуштија прилика да го исмеваат поради тоа.

Имено, синот на Бекам готвел јадење во кое, очигледно, се става вино, но Бруклин во тенџерето ја ставил и тапата од виното со останатите состојки. И како тоа да не беше доволно за да предизвика реакција, тој готвеше со своето куче Пината во раце, што изнервира многумина.

Бекам не е единствениот кој става тапа во тенџерето, ниту пак таа случајно паднала во јадењето. Во коментарите се разви дискусија зошто тапата е во тенџерето, а подоцна самиот Бекам откри зошто ја ставил.

„Бројни истражувања докажаа дека месото е помеко ако во тенџерето се додадат неколку вински тапи“, напиша тој.

Слични содржини