ФОТО: Дрво падна врз автомобил од синоќешниот ветер

од Aleksandar Todeski

Покрај паднатите покриви, откорнатите дрва и турнати контејнери, утрово граѓаните продолжуваат да ги бележат штетите од синоќешниот силен ветер. На фотографијата која стигна до редакцијата на „Локално“, се гледа дека паднато дрво оштетило автомобил во Кисела Вода.

Фото: Локално.мк

Како што претходно јавивме, силниот ветер оштети кров на зграда во Карпош 4, открона дрво во Кисела Вода, но направи и многу други поголеми штети низ цело Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој цела вечерта ја помина со службите кои го расчистуваа градот, преку Фејсбук им се заблагодари за нивната неуморна работа.

„Голема благодарност до службите на градот коишто неуморно работеа до раните утрински часови со цел да се отстранат препреките од улиците на Скопје. Се гордеам со Вас добри луѓе“, напиша Шилегов.

 

Слични содржини