ФОТО: Филипче повторно во сала, успешно извршена операција на 29-годишна пациентка

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук објави фотографии од операционата сала каде заедно со своите колеги извршија успешна операција кај дваесет и деветгодишна пациентка.

„Повторно во сала на операција. Утрово со колегите на Неврохирургија извршивме успешна операција кај дваесет и деветгодишна пациентка. Поради проблем со кичмата и неможноста од движење на ногата, неопходна и беше итна интервенција. По операцијата таа е во добра состојба и закрепнува“, напиша Филипче.

Слични содржини