Фото: Груевски опуштено во кафуле во Будимпешта

од Берта Китинска

На социјалните мрежи се појави фотографија од експремиерот во бегство Никола Груевски како ужива во женско друштво.

Откако замина од државата честопати низ медиумите се објавуваат снимки од настани каде тој присуствува.

Поранешниот премиер во 2018 ја премина границата од Албанија кон Црна Гора со и замина во Унгарија, каде што беше прогласен за политички азилант и ја избегна казната затвор за случајот „Тенк“ и стана недостапен за македонските органи на прогонот за другите обвиненија.

Македонските власти бараа од Унгарија екстрадиција за Груевски за правосилната двегодишна затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“, но и за истрагата за организација и нарачка на нападот во Собранието на 27 април 2017.

Слични содржини