ФОТО: Иван со новото срце ќе продолжи да го живее животот со полни гради

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека на првиот пациент на кому му беше трансплантирано срце  е во добра здравствена состојба.

„Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е во добра здравствена состојба и е првиот пациент во земјава на кого му беше трансплантирано срце. Вели дека мора да продолжи да го живее животот, бидејќи животот е еден“, напиша Филипче.

Иван изјави дека се чувствува одлично по операцијата.

„Одлично се чувствувам. Комплетно сум задоволен од целиот лекарски тим на Клиниката. Тие сега се и мои другари. Постојано се слушаме на телефон и ме прашуваат како сум. Еднаш неделно одам на контрола и примам терапија. Им се заблагодарувам од срце за сѐ што сторија за мене, особено и на моето семејство кое ми беше најголемата поддршка да го издржам целиот овој период. Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!“, изјави Иван.

Слични содржини