ФОТО: Како изгледа и што прави денес фаталната Руби?

од Stefanija Kuzmanovska

Серијата „Руби“ се емитуваше далечната 2004 година и е една од најпопуларните странски серии што се прикажуваше на нашите простори. Според многумина, таа е една од најдобрите мексикански теленовели на сите времиња

Приказната за убава девојка која сака по секоја цена да избега од сиромаштијата и да се збогати со брак, освои милиони гледачи ширум светот на малите екрани.

Сигурни сме дека сите се сеќаваме на оваа теленовела, а главниата актерка Барбара Мори, која ја играше фаталната Руби, денеска изгледа можеби и подобро од тогаш.

Убавата Барбара денес има 44 години. Таа и понатаму плени со својата убавина.

Барбара мина низ тешка битка со здравствени проблеми. Актерката се соочи со рак на дојка на 30-годишна возраст – но таа успеа да ја победи болеста.

Пред неколку години, на 39-годишна возраст, таа дури стана и баба.

Слични содржини