ФОТО: Кејт Хадсон со интригантен фустан го „загреа“ Лондон

од Stefanija Kuzmanovska

„Лондонскиот филмски фестивал“ беше можност Кејт Хадсон (43) да ја покаже својата убавина во полн сјај. Секогаш во центарот на вниманието, овој пат таа ги натера сите да зборуваат за нејзиниот фустан. И тоа не без причина.

Ова дело на француската модна куќа „Сен Лоран“, од колекцијата за есен 2022 година чини речиси 9.000 евра, а креацијата ја бара смелоста и виткоста кои ги има Хадсон.

Актерката носеше фустан со прерамки во кафено-окер нијанси без ремен, со што дополнително внимание привлече нејзиното провокативно издание.

Провокативниот фустан го нагласува пределот на стомакот, а на сите дами кои го носат им задава важна задача – треба да бидете фит за да влезете во овој фустан. Во ова, како и во смелоста, Кејт секако успеа.

Кејт уживаше во друштво на нејзиниот вереник Дени Фуџиков, кој ја придружуваше својата избраничка во многу елегантно издание.

Слични содржини