Актуелно
Почетна / Македонија / ФОТО: Кој е Емил Јакимовски, членот на ВМРО-ДПМНЕ кој се закануваше на Јордановка и Јанчев

ФОТО: Кој е Емил Јакимовски, членот на ВМРО-ДПМНЕ кој се закануваше на Јордановка и Јанчев

„Не се секирај мамо. На крај ќе кажам дека ми бил хакнат профилот и готово“. Вака Емил Јакимовски викан Гусар изреагира на сите осуди кои стигнаа на негова сметка, откако новинарката Мери Јордановска и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев јавно ги објавија заканите кои тој им ги упатил.

 

Но, кој е Емил Јакимовски. Гусарот, како што го викаат сопартијците и жителите на родната Крива Паланка е член на ВМРО-ДПМНЕ долги години. Својата кариера ја почнал како новинар, по што партиски бил вработен во Централниот регистар, за што говорат и неговите фотографии и натписи на социјалните мрежи.

Објавувал и други закани, секогаш партиски инспирирани. Наспроти тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека бил близок со СДСМ, на многу од неговите објави може да се види говор на омраза токму кон членови на владејачката партија.

Гусарот не се откажал ниту од „новинарството“, па отворил два портали, Јавно.мк, информативен со политика блиска до опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Етв.мк, најава за интернет телевизија која се уште не е во функција. Фирмата на чие име се двата портала во минатото била сопственост на Филип Петровски, поранешниот директор на Државниот архив, а како официјално лице на порталите стои братот на Емил, Даниел Јакимовски.

 

loading...