ФОТО: Ковачевски пречекан со највисоки државнички почести во Софија

од Берта Китинска

Како дел од програмата на посетата на премиерот Димитар Ковачевски на Софија, тој и премиерот Кирил Петков положија венци свежо цвеќе на спомениците на Непознатиот воин и на Светите браќа Кирил и Методиј.

Двајцата премиери во рамките на официјалната посета на делегацијата на Владата на Северна Македонија на Софија, го посетија и Македонскиот културно-информативен центар во главниот град на Бугарија за официјално да го означат почетокот на работата на дописништвото на Медиумската информативна агенција на Северна Македонија (МИА), во Софија.

Тие во овој момент се во посета на ректоратот на Софискиот универзитет.

Пред вечерата планирано е да го посетат и Харвардскиот аудиториум на Софискиот универзитет и ќе се сретнат со ректорот.


М.А.

Слични содржини