ФОТО: Мизрахи користи службено возило за партиски средби

од Aleksandar Todeski

Техничката министерка за труд и социјална полтиика, Рашела Мизрахи денеска била на партиски средби во Крушево користејќи го службеното возило од Министерството за труд и социјална политика. Фотографијата која ни ја испратија граѓани покажува дека Мизрахи, која денеска даваше и изјава во Крушево, заминала со возило – сопственост на МТСП.

Автомобилот кој техничката министерка го користи од Министерството е сликан вечерва, пред таа да тргне кон Скопје на вечерашната владина седница. Таа вечерва во изјава за една телевизија потврди дека во 20 часот била на пат кон Скопје, од партиските средби во Крушево.

Фејсбук објава од средбите во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево пред кој е паркиарно службеното возило на Мизрахи

Инаку Мизрахи има право да користи државно возило, но само за служебни потреби, а не и за партиски средби, како што денеска тоа го направила.

Слични содржини