ФОТО: Музичката ѕвезда Хари Стајлс во врска со една од најубавите жени на светот?

од Stefanija Kuzmanovska

Како што пишуваат британските медиуми, музичката ѕвезда и еден од најуспешните млади пејачи на денешницата, Хари Стајлс, е во врска со поранешната манекенка на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул.

Откако пејачот раскина со актерката Оливија Вајлд, „Дејли Мејл“ пишува дека 29-годишниот пејач излегува со Кендис Свонпул, која беше една од најпознатите модели на Викторија Сикрет заедно со Адријана Лима.

За Кендис се вели дека е една од најубавите жени во светот, и често се наоѓаше на светските листи каде ја слават женската убавина.

Интересно е што Кендис е дури седмиот модел со кој е поврзан Хари Стајлс од споменатиот бренд за долна облека.

„Хари можеби е најголемата музичка ѕвезда во светот во моментов, па не е ни чудо што супермоделите се заинтересирани за него“, изјави извор за „Сан“.

Хари и Кендис се запознале во 2017 година во Шангај кога Хари настапи на модна ревија за познатиот бренд.

Во изминатите години тој беше во врска со моделите: Кендал Џенер, Надин Леополд, Сара Сампајо, Џорџија Фаулер и Камил Роу.

Од друга страна, Кендис, бразилска манекенка, е сама од 2018 година, кога раскина со партнерот Херман Николи, со кој има два сина, пренесува „Дејли мејл“.

Веста за нивната потенцијална врска збуни многумина откако Стајлс беше фотографирана со моделот Емили Ратајковски пред само еден месец.

Слични содржини