Фото: Пожар пепелоса три трафики кај „Холидеј Ин“

од Берта Китинска

По извршениот увид, од МВР  потврдија дека на „Кеј 13 ноември“ во Скопје изутрината се опожарени три трафики, од кои една е угостителски објект.


Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната бригада, но се уште не се познати причините за неговото избувнување и колкава е причинетата материјална штета.

Од Противпожарната бригада информираат дека интервенирале со две возила и шест пожарникари, на површина зафатена со пожар околу 70 метри квадратни. Пожарот целосно бил изгаснат околу 06.30 часот.
Пожарото бил пријавен во СВР Скопје утрото во 4:28 часот.

Слични содржини