ФОТО: Претставен новиот грб на кралот Чарлс Трети

од Stefanija Kuzmanovska

Монограмот на новиот британски крал Чарлс Трети ѝ беше претставен на јавноста на крајот од официјалниот период на жалост за смртта на неговата мајка – кралицата Елизабета Втора.

Во текот на следните месеци и години, грбот на Чарлс ќе се појавува на владините згради, владините документи и некои поштенски сандачиња.

Грбот се состои од првата буква од името на кралот, буквата „C“ испреплетена со буквата „R“ од латинскиот збор rex- крал. Во средината на буквата „R“ стои римскиот број „III“, кој се однесува на Чарлс Трети. Над буквите е сместена круна.

Монограмот е лична сопственост на кралот и е избран од голем број дизајнерски решенија.

Грбот ќе го користат владините канцеларии и кралските домаќинства за обележување на поштата. Одлуката да се замени стариот грб на кралицата со нов ќе зависи од секоја индивидуална организација. Процесот ќе биде постепен, а грбот на кралицата уште некое време ќе се наоѓа на јавни згради.

Слични содржини