ФОТО: Претставена нова британска монета со ликот на кралот Чарлс

од Stefanija Kuzmanovska

Претставена е нова монета со портрет на кралот Чарлс, а 50-те пени со неговиот лик ќе влезат во промет за неколку недели, пишува BBC News.

BBC News ја доби првата прилика да ја види монетата од 50 пени и комеморативната монета во чест на покојната кралица Елизабета Втора.

И оваа монета ја следи вековната традиција, така што кралот е свртен лево, спротивно на ориентацијата на портретот на неговата мајка. Како и претходните кралеви, и за разлика од кралицата, Чарлс не носи круна на монетата.

Кралот Чарлс лично ја одобрил монетата и бил задоволен од тоа колку личи на него. Монетата ќе биде достапна за колекционерите од следната недела.

И понатаму ќе продолжат да се прифаќаат монети со ликот на покојната кралица.

Слични содржини