kamperi

Во тек е растурање на „Кампот на слободата“ откако синоќа лидерот на опозицијата, Зоран Заев, им се заблагодари на камперите, оддавајќи им признание за нивната истрајна поддршка во борбата.

nova

Поголем дел од кампот е растурен, дел од шаторите се подигнати, инвентарот е подготвен за носење, бината се демонтира, камперите се пакуваат.

Пред Влада нема поголема раздвиженост. Помалите шатори на тревникот сè уште стојат и во текот на денот ќе бидат отстранети.

11751089_1473322369649536_2018230588_n

„Кампот на слободата“ беше формиран на 17 мај, вечерта по големиот граѓански протест, а камперите останаа таму два месеци за премиерот Никола Груевски да си замине од власт.

11748678_1473322332982873_1550546602_n

Одлуката за растурањето на кампот падна откако лидерите на четирите политички партии, со посредство на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, постигнаа договор за излез од политичката криза во државата.

kamp-sobranie

„Чуварите на демократијата“ од кампот во паркот Жена-борец спроти Собранието сè уште ја чекаат одлуката на партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ, по што ќе знаат дали ќе се повлечат како активистите од спротивниот табор, кои денеска ги кренаа шаторите од „Кампот на слободата“ пред Владата.

Во кампот спроти Собранието денеска владееше вообичаена атмосфера, како и во изминатите денови.

Иако од кампот вчера за „Мета“ рекоа дека на состанок закажан за вечерта истиот ден, ќе се одлучува за кампот, сепак, како што велат денеска, тоа не се случило.

Тие велат дека на состанокот синоќа се расправало за други прашања, а за кампот дополнително ќе се решава.

– Сè уште нема одлука и кампот останува. На синоќешниот состанок се разговарало за други прашања. За кампот координирано ќе одлучуваат Централниот комитет и општинските комитети, а дотогаш ние остануваме. Ако речат да се повлечеме, ќе го сториме тоа, ако има одлука да останеме, ќе останеме – велат од кампот на „Чуварите на демократијата“.

Засега не се знае дали, доколку биде одлучено кампот да се растури, претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски, и партиското раководство ќе се обратат на активистите во кампот, како што тоа синоќа го направи лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Кампот спроти Собранието беше поставен по митингот на ВМРО-ДПМНЕ на 18 мај, на булеварот пред законодавниот дом, како контраодговор на митингот и на кампот на опозицијата пред Владата.

 

Извор: МЕТА

Слични содржини