(ФОТО) Шокантни сцени во Англија: Играч колабирал на натпревар

од Nikola Popovski

Нова шокантна сцена на фудбалските терени е видена во Англија.

На натпреварот од 19. коло на англискиот шампионат помеѓу Ридинг и Шефилд Јунајтед, Џон Флек, играч на гостинската екипа колабирал на теренот, по што бил пренесен во болница.

Флек ненадејно колабирал, а лекарите веднаш реагирале, по што играчот во свесна состојба бил изваден на носилки.

Резултатот бил во втор план, а Шефилд Јунајтед го совладал Рединг со резултат 1:0 со голот на Богл во 56. минута.

Шефилд стигна до шестата победа и има 23 бода, шест повеќе од Ридинг, кој е само два бода од опасната зона.

Слични содржини