ФОТО: СИТЕ ПОГЛЕДИ НА ПЛАЖАТА БЕА ВПЕРЕНИ ВО НЕА – Поранешната тенисерка Ивановиќ роди две деца, но се уште изгледа одлично

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната најдобра српска тенисерка, Ана Ивановиќ, беше фотографирана како со семејството уживаа во летните радости на плажа во Мајорка, Шпанија. Таа беше во друштво на еден од двајцата синови кои ги доби во бракот со сопругот, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, пренесе „Јутарњи“.

Ивановиќ носеше син костим за капење, кој ѝ одговараше совршено и покажа дека дури и по раѓањето на нејзините два сина, таа е во одлична форма и завиден изглед на кој би му завидувале многу помлади девојки.

Ана, како што откри во интервјуата, ја одржува формата со редовни тренинзи и јога.

Слични содржини