ФОТО: Скејт парк, терени за фудбал и одбојка…финишира изградбата на адреналинскиот парк во Карпош

од Берта Китинска

Во финална фаза е изведбата на детското игралиште, како и спортските терени за фудбал и одбојка на песок, кои се изведуваат во рамки на Спортско – адреналинскиот парк во Карпош, долж Кејот на Вардар, кај Алпинистичката карпа.

Следува и поставување на реквизитите во адреналинскиот дел и скејт паркот, по што оваа спортско – рекреативна зона постепено ќе го добива завршниот лик. Со целосното поставување на реквизитите, ќе се пристапи кон раззеленување на Спортско – адреналинскиот парк. Предвидено е засадување на повеќе од 120 нови, висококвалитетни дрвја, како и тревни површини со системи за наводнување, соопштија од општина Карпош.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев изврши теренски увид на активностите за паркот. Веќе се поставени и новите лед светилки, а се работи и на инсталации за поставување на урбана опрема (клупи за седење и корпи за отпадоци).

Општина Карпош за овој парк, преку Секторот за развој, аплицираше со проект во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), при што доби грант во висина од 38.100.000 денари. Оваа финансиска поддршка ја обезбеди Европската Унија и Владата на Република С. Македонија.

Слични содржини