ФОТО: Сопругата на Макрон одржа лекција за елеганција на погребот на кралицата

од Stefanija Kuzmanovska

Многу функционери, политичари, дипломати и познати личности, како и претседатели со своите сопруги ги одложија сите свои обврски и должности со цел да ѝ оддадат последна почит на најдолговечната владетелка на Велика Британија, кралицата Елизабета Втора.

Па така, забележан е францускиот претседател Емануел Макрон, кој на погребот дојде со сопругата Брижит Мари – Клод. Поранешната професорка по литература, а денес попозната како сопруга на францускиот претседател, цврсто го држела за рака Емануел кога влегувале во Вестминстерската палата, каде што беше изложен ковчегот на кралицата.

Да потсетиме, кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември, а од тој ден обожавателите на монархијата се збогуваат со неа ширум Велика Британија, додека најдоминантна боја е токму црната.

Така, и Брижит Мари-Клод Макрон (69) носеше елегантен црн капут до колена, без никакви детали, а додека со едната рака се држеше за Макрон, во другата носеше мала чанта во форма на писмо.

Речиси сите дами од кралското семејство се одлучија за црни и елегантни салонки, како и Брижит. Иако е 25 години постара од францускиот претседател, сепак се грижи за себе, а доказ за тоа е завидната фигура што ја има на своите години. Целиот изглед го заокружи со црн шешир со мрежа која ѝ паѓаше преку лицето, додека Макрон дојде во класичен смокинг на кој го истакна воениот одликување на Легијата на честа, кое речиси никогаш не го соблекува.

Слични содржини