ФОТО: Тајната на фустанот на Џулија Робертс со кој блесна во Лондон

од Stefanija Kuzmanovska

Познатите актери Џулија Робертс и Џорџ Клуни ја снимија романтичната комедија „Ticket to Paradise“ која моментално се прикажува во кината ширум светот.

Тие двајца се приватно пријатели повеќе од 20 години, а истакнаа дека им било големо задоволство што повторно соработуваат и дека многу се забавувале.

Тие привлекуваат големо внимание на секоја премиера каде што се појавуваат, а стајлингот на Џулија беше особено забележлив на црвениот тепих во Лондон.

Имено, таа се појави во долг црн фустан со црно сако, а фустанот беше украсен со сребрени симболи.

Во прашање се иницијалите на актерката, нејзиниот сопруг и трите деца, годината кога го запознала Даниел Модер и кога се омажила за него, како и годините кога ги добиле децата, Џ+Д во срце итн.

На многумина им беше особено убаво што актерката уште еднаш покажа дека нејзиното семејство е на прво место, и дека се многу приврзани еден за друг.

Слични содржини