ФОТО: Тигрите во Охрид ја изведоа „Симулациската вежба за размена на информации во реално време“

од Берта Китинска

Денеска во Охрид беше изведена „Симулациската вежба за размена на информации во реално време“ организирана со координација на МВР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а Специјалната антитерористичка единица – Тигар ги ефектураше резултатите од неа и ја заокружи вежбата со симулација на полициска операција во која полициските службеници се справуваат со терористи кои напаѓаат објект на критична инфраструктура употребувајќи нелегално оружје, информираше министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски.

-Извештајот што ќе го изготват претставниците на регионалниот проект за борба против организиран криминал ИПА2019 ќе укаже на евентуалните недостатоци и ќе даде препораки за нивно надминување, но исто така ќе ги потенцира и добрите пракси и искуства кои што ги користат земјите од нашиот регион. Како домаќин на денешниов настан, МВР на РСМ исполнува дел од задачите утврдени во рамки на Управната група за преземени обврски од областа на безбедност формирана како дел од Берлинскиот процес со која годинава заеднички претседаваме со Обединетото Кралство, соопшти министерот.

Слични содржини