ФОТО: Вучиќ и Орбан играа билијард по тричасовните разговори

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. По разговорот, претседателот на Србија и премиерот на Унгарија одиграа партија билијард.

„По три и пол часа разговор за сите стратешки прашања за соработката меѓу Унгарија и Србија, одиграв пријателска игра билијард со Виктор Орбан. Горд на пријателството меѓу Србите и Унгарците и благодарен на Виктор Орбан што вложи многу труд и енергија за тоа пријателство да биде суштинско и искрено“, пишува на официјалниот Инстаграм профил на претседателот на Србија.

Орбан исто така се огласи на Твитер.

„По Брисел, здив свеж воздух во Белград. Унгарско-српските односи на највисоко ниво на сите времиња. Ви благодариме за играта и дружбата, претседателе Вучиќ“, наведе Орбан.

Слични содржини