ФОТО: Вучиќ во чеченска национална облека со советникот на Кадиров

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград се сретна со Турк Даудов, советник на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, од кого доби интересен подарок.

Имено, на крајот од таа средба е направена интересна фотографија на која Даудов на Вучиќ му врачил национална бурка.

Ова не е првпат српските функционери да покажуваат почит во чест на соговорниците од светот со облекување традиционална облека или учество на настани кои инаку покажуваат пријателство со земјата домаќин.

Така, за време на нејзината посета на Иран во 2015 година, претседателката на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ се појавила во хиџаб.

Слични содржини