Фотограф се удри во него: Принцот Хари дава исказ пред судот во Лондон (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари пристигна во Лондон за да даде многу важен исказ. Иако многумина го очекуваа доаѓањето на Хари дури на церемонијата на крунисување на кралот Чарлс, тој малку подрани.

Иако се уште не е сигурно дали принцот ќе се појави на церемонијата, неговото доаѓање и недоаѓање би привлекло големо внимание, а уште повеќе пораката која тој би ја испратил на тој начин.

Овој пат тој отпатува службено во Лондон за да даде исказ против медиумската компанија ANL, за која тврди дека му го хакирала мобилниот и дека кралското семејство помогнало да се прикрие случајот.

Според извештаите, принцот, меѓу другото, рекол и дека кралското семејство го принудило да го следи правилото „никогаш не се жали, никогаш не се објаснувај“ кога се во прашање медиумите.

„По смртта на мајка ми во 1997 година кога имав 12 години, морав да го трпам притисокот на медиумите со кои оттогаш имав заладени односи и го следев семејното правило од кое немаше отстапување“, изјавил Хари.

„Ми беше многу тешко да се воздржам од зборување за медиумите откако следеа бројни обвинувања, малтретирање, напади и расистички текстови за Меган“, додаде тој.

Како што кажа и самиот, тоа не е само негов проблем, туку и на сите луѓе, со оглед на тоа што оваа компанија беше тужена и од Елтон Џон, поради истата причина.

Сослушувањето ќе трае четири дена, а како што пренесува магазинот „Пипл“, Хари нема да се сретне со брат му и татко му, со оглед на тоа што Вилијам времето го поминува со децата, а кралот Чарлс Трети е на патување во Германија.

Слични содржини