Фотографија на ќерката на Хајди Клум крена голема прашина: „Дали е ова воопшто легално, таа има 17 години?“

од Vladimir Zorba

Ќерката на славниот модел Хајди Клум и музичарот Сил, 17-годишната Лени Олуми Клум доаѓа до израз, особено по нејзините последни неколку јавни настапи, но она што крена најмногу прашина е нејзиниот нов пост на нејзиниот профил на Инстаграм.

Имено, Лени објави провокативна фотографија на која позира во раскопчано и полуоблечено сако, додека ги покрива голите гради со едната рака. Интересно е што младата манекенка се одлучила на таков потег, бидејќи нејзината мајка и забранувала да користи социјални мрежи до минатата година.

Фотографијата предизвика низа реакции во коментарите, а некои дури и се прашуваа дали воопшто е легално со оглед на тоа дека е малолетна.

„Дали е ова воопшто легално, таа има 17 години“, „Премлада е“, „Зошто треба да ги сексуализираме младите девојки“, „Таа е дете“, „Ова не изненадува, но е тажно“, „Девојче, имаш премалку години, кој ти дозволува„, „Ова не е кул“, „Па ова воопшто не е реално“, „Дете мило, што сакаш да постигнеш со ова“, се само некои на загрижените и шокирани луѓе кои ја следат на најпопуларната социјална мрежа.

Лени привлече големо внимание и на овогодинешната ревија на „Долче и Габана“ во Венеција, само неколку месеци откако дебитираше на Модната недела во Берлин. Таму таа подготвено позираше пред собраните фотографи и ги поздрави, дотерувајќи се во тиркизна облека без прерамки, во која подоцна се прошета по пистата.

Моделот во подем ја зачини комбинацијата со круна украсена со накит, како и обемен накит.

Покрај тоа што штотуку почна да се појавува на модни ревии и ги следеше стапките на нејзината мајка, Лени веќе се фотографираше за првата насловна страница за списанието „Гламур Германија“, а Хајди е нејзината најголема поддршка.

Слични содржини