Фотографијата на Шерон Стоун за која зборува целиот свет: Изгледа неверојатно и во седмата деценија

од Stefanija Kuzmanovska

Иако зачекори во 7-та деценија, Шерон Стоун се уште може да се пофали со совршен изглед.

Познатата актерка на 63-годишна возраст позираше за шпанското издание на списанието „Elle“ и уште еднаш го воодушеви целиот свет.

Облечена во комбинација на црна облека од глава до пети, нејзината фигура дојде до израз. Шерон, како што и самата рече, редовно оди во теретана, но и внимава што јаде, па лесно може да стои рамо до рамо со помладите девојки.

Веднаш по објавувањето на фотографиите, комплиментите започнаа да се нижат.

„Неверојатно како изгледа оваа жена“, „20-годишни девојки би ѝ позавиделе на нејзиниот изглед“, „Вистинска дива“, се само дел од коментарите.

Слични содржини