Рејтингот на францускиот претседател Емануел Макрон падна на 28 отсто овој месец, што е најниско ниво од почетокот на 2019 година на крајот на кризата поради протестите на „жолтите елеци“ и во моментот кога владата се повика на Уставот за да овозможи усвојување на пензиската реформа, според истражувањето на Ифоп на барометарот што денес го објави „Журнал ду диманш“.
28 отсто од граѓаните се задоволни од шефот на државата, четири отсто помалку од минатиот месец, додека 70 отсто се незадоволни, покажува истражувањето спроведено во периодот од 9 до 16 март, пренесува Фигаро.
Популарноста на Макрон падна за 13 поени од неговиот реизбор за шеф на државата во мај 2022 година.