Франција бара Курти да го прифати предлогот на ЕУ

од Vladimir Zorba

Амбасадорот на Франција во Приштина, Оливие Геро, денеска, по неуспешните преговори во понеделникот во Брисел, ги повика двете страни, особено Приштина, да го прифатат „компромисниот предлог формулиран од Европската унија“.

Геро на Твитер ги повика Белград и Приштина да ги продолжат разговорите во духот на компромисот во наредните денови и да ги спроведат постигнатите договори, вклучително и одредбите поврзани со Заедницата на српските општини.

Тој нагласи дека Франција жали што нема договор меѓу двете страни во Брисел и дека се придружува на повиците на ЕУ да се избегне каква било унилатерална акција што може да ги подгрее тензиите.

Слични содржини