Франција бара од ЕУ да воведе негативни тестови за патниците од Кина

од Vladimir Zorba

Поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус во Кина, Франција денеска ги повика земјите од ЕУ да воведат заштитна мерка за задолжителен негативен тест за патниците кои доаѓаат од таа земја, не постари од 48 часа.

Од вкупно 27 земји на ЕУ, засега негативни тестови за коронавирусот бараат Италија и Шпанија, пренесе Танјуг.

Официјалните претставници на ЕУ, сепак, не успеаја да се договорат за воведување заедничка заштитна мерка минатата недела, пренесува Ројтерс, додавајќи дека разговорите на оваа тема ќе продолжат оваа недела.

„Франција ќе се залага за примена на оваа методологија во ЕУ“, рече министерот за здравство Франсоа Брон додека ги проверуваше новите процедури со министерот за транспорт Клемент Бон на парискиот аеродром Шарл де Гол.

Во Кина, објавија претходно агенциите, бројот на заболени од коронавирусот е зголемен, откако официјален Пекинг престана да ја применува стратегијата за нулта толеранција, која вклучува ограничувања за патување.

Слични содржини