Франција: ЕУ постигна консензус за доделување на БиХ статус на земја кандидат за членство

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот државен секретар за европски прашања, Лоренс Бун, денеска во Брисел изјави дека „Европската унија постигнала консензус за доделување на Босна и Херцеговина статус на земја кандидат за членство“.

„Како што знаете, имаше големо незадоволство за динамиката на проширувањето. Денеска имаме консензус за доделување на Босна и Херцеговина статус на земја кандидат за членство, а одлуката треба да биде донесена во четврток на средбата на лидерите на Унијата на самитот. Ова е уште еден доказ дека реформата функционира, реформата предложена од Франција“, рече Бун.

Во 2019 година, Париз предложи нова методологија за преговори за членство.

Слични содржини