14
Француската антимонополска агенција ја казнила компанијата за облека „Шеин“ со 40 милиони евра, за наводни измамнички деловни практики, вклучително и лажни попусти.
Според француските прописи, референтната цена за кој било попуст е најниската цена дадена од трговецот на мало во текот на 30-те дена пред понудата. Според напишаното, кинеската „Шеин“ го прекршиле тоа правило со тоа што не ги земале предвид претходните понуди, а понекогаш ја зголемувале цената пред да воведат попуст, соопшти агенцијата, која го истражувала случајот една година.