Франс Фудбал кон Иниеста: Прости ни што не ти дадовме „Златна топка“

од Vladimir Zorba

Француското списание Франс Фудбал се извини на капитенот на Барселона, Андрес Иниеста, бидејќи не му дадоа „Златна топка“.

Тоа се случи во последниот број на весникот во кој новинарот Паскал Фере официјално се извини на шпанскиот фудбалски волшебник кој речиси сигурно оди да игра во Кина во текот на летото.

„Прости ни, Андрес“ е насловот на материјалот, а авторот се извини за „аномалијата“. Тој ја цени работата на Андрес и ја фали неговата славна кариера.

Сепак Французинот остава дупка и навестува дека Иниеста може да ја добие најценетата индивидуална награда во фудбалот, ако одигра силно светско првенство.

„Иниеста е жив доказ дека мозокот е несомнено најважното оружје, кога станува збор за големи шампиони“, се вели во материјалот.

Иниеста беше блиску до освојувањето на Златната топка во 2010 година. Тој го постигна златниот гол против Холандија на Мундијалот во ЈАР и ја направи Шпанија светски шампион за првпат во историјата на земјата.

Сепак, во борбата за „Златната топка“, играчот од средниот ред остана на второто место, зад својот тимски колега, Лионел Меси. Трет беше Шави.

Слични содржини