„Франс фудбал“: Левандовски е најдобар напаѓач, Педри најдобар млад играч, Донарума најдобар голман во светот

од Nikola Popovski

Голгетерот на Баерн од Минхен, Роберт Левандовски го доби признанието за најдобар напаѓач во светот кое се доделува за прв пат оваа година.

Полскиот напаѓач го доби ова признание апсолутно заслужено, но се надева дека може да стигне до Златната топка.

Минатата сезона беше одлична за него, исто како оваа, во која на 20 натпревари веќе постигна 25 гола.

Претходно, фудбалерот на Барселона, Педри го освои трофејот „Копа“ од „Франс фудбал“.

Тоа е награда за најдобар млад (У-21) играч во светот.

„Благодарам на сите во Барселона. Ти благодарам, Лео (Меси), за се што направи за мене“, рече Педри во обраќањето пред присутните.

Исто така, 22-годишниот Џанлуиџи Донарума ја доби наградата за најдобар голман во светот.

 

Слични содржини