„Франс Фудбал“: Платата на Нејмар е 27 милиони повеќе од онаа на Мбапе

од Nikola Popovski

Проценетиот за најскапи фудбалер на светот во моментот – Килијан Мбапе има драматично помала плата од неговиот соиграч во Пари Сен Жермен – Нејмар.

Според „Франс Фудбал“, францускиот фудбалер заработува 21,2 милиони евра годишно, додека бразилскиот техничар собира 48,9 милиони евра.

Станува збор само за платите во францускиот клуб без вклучување на договори за рекламирање.

Приоритет на парижаните ова лето ќе биде да го задржат Мбапе со примамлива понуда за нов договор.

Иднината на Нејмар и ова лето ќе биде неизвесна и Барселона ќе направи обид за негово враќање.

Пред кризата со коронавирусот, Мбапе беше проценет на 200 милиони евра.

Слични содржини