Франција: 13.498 нови случаи на коронавирус, починаа уште 26 лица

од Nikola Popovski

Вкупниот број на случаи со коронавирус во Франција е 442.194, а неделниот просек на дневни нови инфекции се искачил на повеќе од 9,7 илјади, наспроти најнискиот 272 на крајот на мај, две недели по укинувањето на блокадата на земјата, пренесуваат српските медиуми.

Франција објави 13.498 нови потврдени случаи на Ковид-19 во претходните 24 часа.

Бројот на луѓе во Франција кои починаа од Ковид-19 во саботата се зголемил за 26, на 31.274, што е значително помал од претходниот ден.

Слични содржини