Франција го намали времето на самоизолација на 7 дена

од Vladimir Zorba

Францускиот премиер Жан Кастекс предупреди дека состојбата со коронавирусот очигледно се влошува во земјата бидејќи здравствените власти го забележаа најголемиот еднодневен скок во нови случаи од почетокот на пандемијата.

Кастекс денеска објави дека времето на самоизолација за КОВИД-19 е намалено од 14 на седум дена, бидејќи тоа е периодот кога постои реален ризик од инфекција со коронавирус и за подобро да се обезбеди спроведување на мерката.

Француските здравствени власти оваа недела соопштија дека многумина во земјата не го почитуваат 14-дневниот карантин, кој се сметаше за предолг, пренесуваат агенциите.

Самиот Кастекс е во самоизолација оваа недела откако беше во близок контакт со лице заразено со вирусот.

Тој исто така најави дека ќе се формираат специфични центри за тестирање за да се постигнат приоритетни резултати за луѓе кои имаат симптоми или биле во близок контакт со некој позитивен. Луѓето од Франција пријавија долги редици за тестирање и се жалат затоа што треба неколку дена за да се добијат резултати.

Француските власти пријавија 9.843 нови случаи на заразени во четвртокот, а во последните денови се забележува постојан пораст на хоспитализациите поврзани со вирусот.

Слични содржини