Франција и Германија се против забраната за влез на Русите во ЕУ

од Vladimir Zorba

Европската унија не смее да ги спречи руските туристи да ја посетат Унијата, најавија Германија и Франција пред состанокот на министрите за надворешни работи во Прага, на кој ќе разговараат за барањето на балтичките земји и другите земји-членки за воведување забрана за издавање визи за руските граѓани.

„Иако ги разбираме грижите на некои членки во овој контекст, не треба да ја потценуваме трансформативната моќ на искусувањето на животот во демократските системи од прва рака, особено за идните генерации“, се вели во француско-германскиот документ, во кој Ројтерс имал увид.

Во соопштението се додава дека визната политика на ЕУ треба да го одразува токму тоа и да овозможи контакт меѓу луѓето во ЕУ и руските граѓани кои не се поврзани со руската влада.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска се состануваат во рамки на дводневниот состанок во Прага.

Слични содржини