Франција на чекор да „изгуби контрола“: Бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус со денови драматично расте

од Vladimir Zorba

Со зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот, француските експерти предупредуваат дека земјата многу лесно може да ја изгуби контролата над епидемијата, а некои европски земји веќе се соочуваат со втор бран на заразата.

Француските експерти во локалната самоуправа предупредуваат дека може да се очекува втор бран оваа есен или зима, и дека ситуацијата „била под контрола, но е неизвесна“, пренесува „Гардијан“.

– Во секој момент, можеме да стигнеме до сценарио кое е многу помалку под контрола – се наведува.

Службениците во некои француски региони веќе започнаа да ги заоструваат правилата за хигиена, а маските се задолжителни на проодните места во Лил и Ница, а таквите мерки веројатно ќе бидат воведени и во Париз.

Предупредувањето се случи по една недела во која Франција забележа драстично зголемување на бројот на пациенти, а за само три дена беа потврдени 3.376 случаи. Исто така, се зголеми бројот на лица кои се лекуваат во единиците за интензивна нега.

Во Франција од почетокот се пријавени 192.334 случаи на коронавирус, а починале 30.226 лица.

Слични содржини