Франција, Шпанија и Германија со ултиматум за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро , објави Светските агенции.

 

Властите на трите земји известија. Тие ја повикуваат Венецуела да одржи нови претседателски избори до следната недела или да го признае лидерот на опозицијата, Хуан Гуидо, како лидер на латиноамериканската држава.

  Трите влади му дадоа на Мадуро осум дена да прогласи слободни, транспарентни и демократски избори.

Шпанскиот премиер Педро Санчез предупреди дека ако изборите не се организирани до осум дена, Мадрид ќе го признае Гуадо како претседател на Венецуела.

“Ако фер, слободни и транспарентни избори не се свикаат во Венецуела во рок од осум дена, Шпанија ќе го признае Хуан Гуаидо како претседател на Венецуела”, рече Санчез.

  Во исто време, германската влада објави дека е подготвена да го признае Гуаидо како привремен претседател на Венецуела, ако исти услови објавени од Мадрид не се исполнети.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја презеде истата позиција.

Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо беше прогласен за претседател на Венецуела. Тој веднаш бил препознаен од повеќе држави од Латинска Америка и од САД.