Франција стана петтата земја во светот со повеќе од 1.000 починати од коронавирусот

од Nikola Popovski

Франција во вторникот стана петтата земја со повеќе од 1.000 мртви во пандемијата „Ковид-19“, при што владата посочи дека вонредната состојба во земјата воведена минатата недела може да трае шест недели, наместо планираните 15 дена.

Министерот за здравство, Оливие Веран на брифингот изјавил дека не може да каже кога ќе бидат укинати забраните и блокадите. Доколку владата ги следи препораките на својот Научниот совет, Франција ќе остане во карантин до 28 април.

Во соопштението на советот, кое го известува претседателот Емануел Макрон за време на епидемиолошката криза, се наведува дека карантинот е единствената ефикасна стратегија во моментов и треба да биде “строго спроведена“.

Премиерот Едуард Филип најави дополнителни ограничувања во секојдневниот живот, а министерот Веран истакна дека владата ќе ги послуша советите на СЗО и ќе ги прошири тестовите за коронавирус. Како што е соопштено, Франција може да спроведе околу 10.000 тестови на ден.

Во вторникот, од Ковид-19 беа пријавени 240 нови смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1100. Франција стана петтата земја во светот со повеќе од 1.000 починати по Кина, Италија, Иран и Шпанија.

Слични содржини