Франција затвора џамија поради контроверзна критика кон обезглавениот професор по историја

од Nikola Popovski

Францускиот министер за внатрешни работи Џералд Дарманин бара привремено затворање на една џамија, која ги  осудила постапките на убиениот учител по историја Самуел Пати, кого минатата недела беше обезглавен 18-годишен Чеченец пред училиштето каде што работел.

„Го замолив префектот Сент Дени да ја затвори џамијата „Пантин“ откако нивниот имам Мухамед Хениш испратил порака дека наставникот Пати треба да биде заплашен и објавена била адресата на училиштето“, нагласил Дарманин.

Според него, џамијата ќе биде затворена во следните шест месеци.

Имамот Хениш изразил жалење за објавувањето на видеото на профилот на џамијата, но инсистирал на тоа дека тоа не е повик за насилство.

Џамијата „Пантин“ во париското предградие Сен Дени објавила видео на својот Фејсбук профил во кое го осудува Пати затоа што им ги покажал карикатури на пророкот Мухамед на неговите студенти, наведувајќи дека тој шири „говор на омраза“. Снимката била избришана неколку часа подоцна.

На Пати, кој покажал карикатури како дел од лекцијата за слобода на изразување, му била отсечена главата пред училиштето кон крајот на минатата недела. Ова го стори осумнаесетгодишен Чеченец.

Убиството ја шокираше Франција и десетици илјади луѓе излегоа на улиците да му оддадат почит на убиениот учител.

Слични содржини