Француската полиција уапси трет осомничен за масакрот во Ница

од Stefanija Kuzmanovska

Француската полиција уапси и трет осомничен за соучество во терористичкиот напад во Ница.

Ова го објави „Ројтерс“, повикувајќи се на сигурен извор во француската полиција.

За време на тој напад, терорист со нож уби три лица.

Заменик-обвинителот рече дека во текот на претходниот ден биле уапсени уште две лица.

Сите уапсени се осомничени дека биле во контакт со убиецот непосредно пред злосторството.

Три лица загинаа во нападот во Ница, кога Тунижанецот Ибрахим Аусауи и ја отсече главата на една жена и уби уште две лица во црква во Ница во четвртокот.

loading...

Слични содржини