Француската тајна служба – ДГСИ со јавна кампања за вработување

од Aleksandar Petrovski

Службата за контраразузнавање и судска полиција на Министерството за внатрешни работи има намера да вработи 1.200 нови лица во период од пет години, а за таа цел почна и медиумска кампања, јавува дописникот на МИА.

Рок-електронска музика, црвен транспарент, печат за државна одбрана тајна: краткиот видео клип објавен во петокот на Твитер-профилот на Министерството за внатрешни работи на Франција е во целост о спротивност со досегашните навики. Државата за првпат одлучи да споведе јавна кампања за регрутирање за Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ). Профилот на професионалната социјална мрежа LinkedIn беше креиран во септември минатата година, како и партнерство со универзитетски центри, колеџи и центар за вработување. За оваа разузнавачка и судска полициска служба целта е да ангажира 1.200 нови вработени до 2022-2024 година.

-Професијата разузнувач не е резервирана за другите, изјави нејзиниот директор Никола Лернер за време на редок јавен говор во седиштето на Дирекцијата во Левалои-Перет (Хо-де-Сен).

-Немаме проблем да привлечеме кандидати. Констатацијата што ја направивме и дека голем број од нашите професии, нашите очекувања сега слабо ги перцепираат потенцијалните кандидати “, рече поранешниот член на префектурата во Париз. „Не регрутираме само ние“, додаде тој, укажувајќи на „конкуренцијата со приватни компании“.

ДГСИ, од почетокот на бранот напади што ја зафатија Франција, значително го зголеми бројот на своите вработени, поттикната од плановите за регрутирање донесени од последователни влади. Во 2014 година, имаше 3.200 вработени лица. Денеска таа брои 4.300 и нивниот број  треба да се искачи на 5.500 до 2022-2024 година. Со цел да одговори на создавањето на нови работни места, како и на природниот проток на заминувања, особено во пензија, ДГСИ мора да продолжи со нови вработувања меѓу 500 и 600 лица годишно..

-ДГСИ е активна национална полициска служба и се очекува да остане така. Значаен дел од дополнителнителните вработување е наменет за вклучување на полицајци и полициски офицери од кое било тело и кој било сервис на полицијата, рече Лернер.

Еволуцијата на заканите, тероризмот, сајбер-заканите, контра-шпионажата, заштитата на економските интереси на Франција, „го оправдува тоталното диверзифицирање на профилите што ги регрутираме“, рече тој.

Тоа ќе бидат аналитичари кои најверојатно ќе интерпретираат информации, инженери и компјутерски техничари од сите нивоа, лингвисти, специјалисти за меѓународни односи, но и правници и специјалисти во човечки односи: „има простор за секого, за сите профили“, тврди Лернер.

Но, овој нов пристап кон вработување нема да ги измести основите на ДГСИ во безбедноста, увери директорот. Целиот персонал на ДГСИ има право на „државна тајна“ и подлежи на драстични безбедносни проверки при вработувањето и низ целата своја кариера.

Слични содржини