Француски бомбардери го прелетаа Загреб, Хрватите ги платиле авионите 101 милиони евра повеќе (ВИДЕО)

од Milan1

Два од 12-те борбени авиони од типот „Рафал“ купени од Франција денеска го прелетаа Загреб, а претседателот Емануел Макрон и премиерот Андреј Пленковиќ ги следеа од плоштадот Свети Марко.

Хрватска денеска потпиша договор со Франција за купување на 12 бомбардери, во вредност од 1,1 милијарда евра.

Но, заедно со шефот на француската држава, кој првпат е во Хрватска, пристигна и изненадување, бидејќи борбените авиони „Рафал“ поскапеа во однос на првата цена. Наместо 999 милиони евра, Хрватите за 12 авиони ќе платат 101 милиони евра повеќе, дури 1,1 милијарда.

Слични содржини