Француски новинар му постави прашање на Трамп, тој го исмеа Макрон (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп е познат по тоа што „нема влакна на јазикот“, па колку и да добие деликатно прашање, тој секогаш има интересен одговор.

Француски новинар ја искористи средбата со Трамп да му постави прашање, а наместо конкретен одговор, доби реплика која ги насмеа сите.

Новинарот го запраша Доналд Трамп како тоа невработеноста во САД е ниска, а во Франција висока. „Како го објаснувате тоа?“, го запраша францускиот новинар.

Трамп внимателно го слушна прашањето, а потоа даде одговор во свој стил: „Па, можеби ние имаме подобар претседател од вашиот“.

Слични содржини