Францускиот министер за финансии позитивен на Ковид-19

од Nikola Popovski

Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер синоќа изјави дека бил позитивен на тестот за коронавирус.

Ле Мер на Твитер соопштил дека нема никакви симптоми и дека ќе продолжи да ги извршува своите должности додека е дома во карантин, пренесува Ројтерс.

Тој додал дека ќе помине седум дена во изолација дома.

„Веднаш ги следев здравствените мерки донесени од владата и се изолирав дома“, рекол Ле Мер.

Францускиот премиер Жан Кастекс е позитивен на Ковид-19 од минатата недела, откако бил во контакт со личност која бил позитивна на велосипедската трка Тур де Франс.

Во Франција денес биле регистрирани рекордни 13.215 случаи на коронавирус.

Слични содржини